ПОМОШ ЗА ДЕЛУМНО ПОКРИВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ТРОШОЦИ  

Во здружението на пензионерите      

Не одмора годинава Извршниот одбор на здружението на пензионерите, туку организира екскурзии во Македонија и надвор.

Членовите констатираа дека најпрвин треба финансискиот извештај да го разгледа членството по разграноците, а потоа “виза” за шестмесечното работење да даде и Надзорниот одбор.

Здружението работело финансиски позитивно со доста активности. Извршниот одбор ги потврди и статутарните измени и дополнувања разгледани првин од членството по ограноците. Измените се однесуваат на дополнувањата, при претстојните избори покрај телата и органите на ограноците, свои предлози за делегати да предложат и членовите на разгранокот. Членството да предлага финансиска помош на пензионерите со ниски примања. Всушност, измените се усогласување со Статутот на СЗПМ.

Извршниот одбор додели 10 илјади денари на член чија куќа беше неодамна опожарена.

Плус, над 90 пензинери добија финансиска помош за покривање на трошоците од различни болести на предлог на Комисијата за здравство. Третпат годинава се доделени над 400 илјади денари, а се планираат да се дадат 1,5 милиони денари. Првиотпат помош здравствени давачки добија 117 членови, а вторпат на 74 пензионери.

Хуманоста е демонстрирана и за Велигденските празници со доделување на ваучери од по илјада денари на повеќе 300 членови. Според претседателот на Комисијата, д-р Жарко Митрески, до крајот годинава средства ќе се доделат и на други пензионери во зависно од потребите.

Loading