ВИЦ НА НЕДЕЛАТА

Оди Пејо кај селскиот поп да  се исповеда.

– Оче згрешив, најсрамниот грев го направив!

– Кажи чедо, Бог е милостив ќе ти прости…

– Не можам оче срам ми е!

– Да не е со Митра на воденичарот?

– Не оче, голем грев, ми изгоре душата…

– Да не е со Јана на грнчарот жена му?

– Не оче… Ќе се варам цела вечност во пеколот!

– Да не е со снаата на даскалот Трајан?

– Не оче, прости ми неможам, не можам да кажам…

И си тргнал. На излегување од црквата се сретнал со еден сосед и соседот го прашува:

– За каква работа си тука бе Пејо што ти требаше?

– Ништо комшија, по адреси дојдов.

Loading