ЗДРАВЈЕ СО ЕДНА СМОКВА НА ДЕН

Август е месецот во кој можете да најдете свежи и сочни смокви на секој агол. Некои велат најдраво овошје. Научниците тврдат дека е доволно да се јаде по една смоква секој ден, по можност наутро. Богати се со природни шеќери, минерали и апсорбирачки влакна за одржување на здравјето. И свежи, и во сува форма, го регулираат крвниот притисок и дигестијата, го подобруваат здравјето на коските и помогаат во диети. Содржат диетални влакна за чувство на ситост. Помагаат за контрола на  внесот на калории. Влакната го јакнат дигестивен систем и одржуваат правилно варење. Присуството на омега-3 киселини е уште една причина за слабеење. Тие го штитат срцето. Здравиот шеќер е замена за шеќерот. Богати се со калциум, калиум, фосфор, магнезиум, бакар и витамини А и Б, кои имаа значајна улога за соодветен метаболизам. Придонесуваат за намалување на туморите. Можно е намалување на ризикот од рак на простата и од рак на дојката. Го намалуваат холестеролот. Помош се во третманот на дијабетесот. Се препорачува претпазливост за дијабетичарите. Умерената консумација е лековита. Една смоква на ден го намалува количеството на инсулин кај дијабетичарите. Ја подобруваат меморијата и спречува анемија Четири суви смокви обезбедуваат четвртина од дневната доза железо потребно на нашето тело.Помагаат при хемороиди. Печените смокви лечат чиреви. Ги уништуваат вирусите. Имаат смирувачки ефект на бронхијалниот тракт. Корисни се за детоксикација. Ја елиминираат несоницата и имаат позитивен ефект врз нервниот систем.

Loading