МЛАКА ВОДА ПРОТИВ НИЗОК ПРИТИСОКОТ

За лето со екстремни температури, има многу совети како да се издржат горештините полесно. Најважна е храната. Треба да биде лесна и сурова, а облеката да може кожата да “дише”.

Се знае дека е добро да се пие повеќе течности, особено вода. Кога температурите е над 30 степени, се бара лад во чаша студена вода. Но, за разладување нужно е водата да е млака, отстоена на собна температура. Студената вода ја забавува хидратацијата на телото. Најдобро е да се пие на собна температура, бидејќи телото ја апсорбира побрзо. Важно е да не се пијат ладни пијалаци по оброкот, оти постои можност за настинка, и кога е топло. Со консумација на млака вода, се подобрува варењето. Најдобро е да пијат 1-2 чаши вода половина час пред оброкот. По јадење да не се пие вода 1-2 часа додека желудникот ја вари храната. Се предлага чаша чај во топлите денови, бидејќи се забрзува потењето, а со тоа и ладењето на телото.

При топло време, се омалаксува, понекогаш се чувствува вртоглавица, гадење и заматен вид. Најлошо може да е губењето на свеста. Причината може да е пад на крвниот притисок. Може да е и недоволно вода, силна терапија за низок крвен притисок и некои хронични болести. Лекарите советуваат чаша обична вода со лажичка сол. Да се легне и да се кренат нозете на неколку перници, крвта да тече кон главата, односно над нивото на срцето. По кратко време, пожелно е миење со ладна вода и пиење на вода и сол. Со овие методи, притисокот се нормализира за 20 минути. Лекар се бара, ако притисокот уште е низок,

Нормалната вредност на крвниот притисок е 120/80 за луѓе постари од 18 години. Вредноста е под влијание на многу фактори како возраст, наследни фактори, исхрана, физичка активност, терапија. Намалениот притисок, хипотензија, е ако вредноста е помала од 90/60. Жените меѓу 30 и 40 години страдаат повеќе отколку мажите.

Loading