4,3 ПАТИ – РАСТ НА ПРОФИТОТ ВО ТУТУНСКИ

Тутунскиот комбинат доживува ренесанса. Ова го потврдуваат финансиските резултати. Компанијата има најголем раст на профитот кој во 2021 година е за 4,3 пати поголем од претходната година.

Приходот на најголемите пет тутунски компании лани поминале 100 милиони евра. Најголем дел се од извоз. Трет на листата меѓу тутунски компании е прилепскиот комбинат, после Алијанса уан од Кавадарци и Империјал тобако од Скопје. Комбинатот последниве години работи успешно за разлика од порано. Лани приходите пораснале за 29 отсто до износ од 21,1 милиони евра, а добивката изнесува 2,2 милиони евра.

Тутунот е најконвертабилно македонско добро со децении. Оваа култура е најважно извозно добро на земјава. Во поновата македонска историја, за независноста во почетокот на деведесетите години,  тутунот бил залог за кредитирање на земјава. Тутунските резерви во Македонија табак биле заложени како пандан за девизни резерви. Преработката на тутун веќе го нема доминантното значење од пред децении, но и денес претставува столб на трговската размена со странство.

Loading