КАДЕ СЕ СКЛАДИРАНИ ЦИНКОТ, ЖЕЛЕЗОТО, КАЛИУМОТ И КАЛЦИУМОТ?

Докторите често велат да се внесуваат повеќе минерали, особено калциум, цинк, магнезиум… за подобо здравје. За секој орган, коски, црева, штитна жлезда, анемија, имунитет, сон се потребни повеќе витамини и минерали.

Но, ако  на организмот му недостасува бор или манган, дали се знае  кои овошјеаи зеленчук најмногу ги содржат? Со раст на внесот на минерали, се превенираат болестите на срцето и крвните садови, се победува депресијата или се чистат лимфните садови.

Борот го има во зеленолиснатиот зеленчук, лист од цвекло, јаткасти плодови, морков, компир, пашканат, тиква, домат, мешунки, интегрално жито и во поголемиот дел од овошјето.

Цинкот го има во р’тени и сурови семки од тиква, во сончогледови семки, грашок, цвекло и лист од цвекло, кромид, јаткасти плодови, морков.

Магнезиум им во јаболка, кајсии, смокви, праски, кељ, целер, блитва, , интегрално жито, интегрален ориз, сончогледово семе, бадеми.

Манган има во јаткасти плодови (лешник, бадем, орев), ананас, спанаќ, интегрални жита, цвекло, прокељ, грашок, зелен чај, боровинка, банана и друго јужно овошје.

Фосфор се полни јаткастите плодови, мешунките, семињата…

Најдобар извор на калциум не е кравјото млеко, иако така се промовира. Дури млекото може да има лошо влијание на здравјето. Може да страдаат жлездите, да порасне слузта во организмот, да се создаде катаракта, неплодност, цисти на јајниците.

Со калциум се полни темнолистестите зеленчуци (блитва, спанаќ, кељ), рогач, соја, брокула, сусам, овес, просо, сончогледови семки, грав, бадеми, ореви.

Железо има во овезот, просото, интегралната пченица, грав, грашок, леќа, брокула, аспарагус, спанаќ. Оди во комбинација со витамин Ц, со суво овошје (кајсии, сливи, суво грозје), портокал, јагоди, дињи, цитрон и најмногу сурово какао.

Селенот го има во бразилско оревче, пченични ркулци, соја, јаткасти плодови, лук, сончогледови семки, интегрални жита.

Природата ги задоволува сите потреби. За да се обезбеди организмот со витамини и минерали, потребно е намирниците да се јадат свежи. Колку посурови семки, јаткасти плодови, цвекло, овошје, зеленчук.. толку подобро.

На пример, семето од сончоглед е богатство од минерали и витамини. Не треба да се пече, ниту да се пржи. Одлично се комбинира со сирења, преливи за салата, дури и со торти.

Loading