ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (150) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Петко неколку дена ништо не можел да кажи што му се догодило. Селаните оделе на посета, му давале секаква помош што можеле. Прво со баење мајка му на Стојче, Атанасица Дуна Танеска шурна, призната бајачка баела од сите чуда, па и од уплав и та му баела. После неколку дена од настанот Петко Џелин свесно се опоравил, си дошол при свест и е кажал сета работа што му се догодила, си е признал грешката и е изговорил старата македонска изрека, пред Божик, зад Божик каде да си, кола брашно, кола дрва, дома да си. Сонце изгрева, разбуди се, сонце заваѓа заспи, доста е денеска работа, ноќта работа на ѓаволо.

Оваа драма, настан е кажуваше Танески Атанасов Стојче кој тогаш на неполни десет години, а роден е во 1868 година. Петковица Елена му била ќерка на Боше Танески, сестра на Атанас, татко му на Стојче Танески.

После неколку денови во месецот февруари една вечер свика протуѓерот Бошески Борис, иначе е домазет од Дојчиновци од с. Бонче. Борис свика од средселото, обавестува вечер ќе има општинари дојдени во училиштето секој по еден од куќа на конференција. Ни какво, ниту пак зошто. Вечерта во мрако дојдоја со еден џип право во училиштето службениците општински беа од фонтот за земјоделие. Општинските лица кои дојдоја на конференција во училиштето беа некој си Лорин од Охрид, Трајан Мариоски од с. Подмол, Богдан Марулец Колески роден во Прилеп, Димко Камшико и Петре Кузман.

Откако се отвори конмференцијата, дебатата општинарските лица гости ја кажа вистината за што се дојдени да во Марул има 300 хектари обработлива површина, не е мерена на никого во 1932 година сега фонтова земја и припаѓа на општеството на државата. Дојдените гости дадоја предлог да селото одучи од која страна од марулскиот сињор ќе одлучат 300 хектари да отстапат таму ќе е одбележат 300 хектари за фонтовска земја државна имовина.

Селаните марулци не одлучни ако е отстапат према подмолско и канатларско ќе немат житарица, а додека местото е послабо со изворска вода. Ако пак, отстапат према канатларско русечко и штавичко ги губат ливадите и сите извори со вода. Вечерта доваѓа до натегање, одлуката не е донесена. Марулци во касната вечер еден по еден си отидоја дома. Дојдените општинарски гости остана и преноќеваа во училиштето на училишните клупи. Утрото во наредниот ден со џипот замина, проблемот остана нерешен. Снегот и по месец и половина остана дебел, не се топи. Во почетокот на месецот февруари Петреска Јованова Благуна отиде во Прилеп кај своја роднина да пегла тутун како на поседок, се засакала со момче Ванчо и на 19 деветнаесет години за него се омажи без нејзина свадба. Некоја недела покасно и нејзиниот брат постар од нејзе Петрески Јованов Ѓорѓија се ожени во Прилеп за девојката Зора и во Прилеп се венчава.

На 14 февруари 1954 разболената Ристејца Трајана Велјаноска си почина родена во 1879 година во с. Лопатица, прилепско. За нејзиниот погреб  беше Анѓелески Илија Кадијата. За секоја сигурност од студеното време, големиот снег и од дивината Илија истио ден со магарето отиде во Прилеп, пазари  и наредниот ден уште пред ручек си дојде во Марул со купените артикли за погребот за Трајана и Илија беа деца од две први брачеди.

Аберџија за по свештеникот Ванѓел Смилевски од Добрушево беше пратен Стеваноски Живко посинок на Илија Кадијата Живко уште истиот ден кога умре Трајана Ристејца Велјаноска. Довечерта Живко и свештеникот Ванѓел пристигна во Марул на конак кај Стевановци. Сите овие работи се извршуваа преку денот од опасност средба со дивината, со волците.

Дограмаџијата Ѓорѓијоски Стојан Николоски домазет кај нив на умрената Трајана и направи мртовечки ковчег од домашни штици, беше фантастичен ковчег. Таа беше прва умрена во таа година и беше погребана во присуство на голем број на луѓе во тие студени февруарски денови. При крајот на февруари почна да се слуша гласот при ловење на мусинските кучиња.

Продолжува

Loading