ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (149) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Кадијата Малинкоски или Анѓелески Стојков Илија во 1915 година уште не дораснат момче во местото Орницата бонечка во Веслец се судрила со бугарската војска. Паднале доста жртви од двете страни, а и еден српски мајор со златен саат. Војските кога се судриле Илија и Тодор се нашле директно меѓу два огна ги оставиле говедата и побегнале дома во Штавица повеќе ништо не виделе што се десовало во Веслец. После завршувањето на Првата светска војна српските власти на суд ги повикале Илија и Тодор на сослушување за златниот сат од српскиот мајор. При одење на суд во Прилеп штавичани ги советувале Илија и Тодор наместо тие, вие да му бидите кадии, судии.

Илија се носел посоветно на судењето се одбранил, не одлежал затвор или некоја парична казна. А додека Тодор одлежал нешто затвор. Илија се носел по советот на селаните и го добил прекарот Илија Кадијата. Покасно Илија доваѓа домазет кај Стевановци  во Марул. Навистина во сите настанати незгоди Илија Кадијата беше прв учесник за расчистување и смирување за ти енезгоди и му успеваше во таа работа.

Пашовци се стари жители  во с. Штавица. Уште од времето, оснивањето на селото о довчаро Мино кој во негова чест куќна слава му е денот Св. Мина. Во времето на турското владеење Пашовци оделе момци кај разни господари бегови низ пелагониското поле. Кога поново се вратиле во Штавица се населиле на западната страна од реката бука дел на крајот од селото Штавица.

Пред нив нагоре северно поред реката било слободно населено место, никој не им пречел. Штавичани велеле се доселија се распаша како паши како сето место да е нивно по тие изреки го добиле прекаро Паши Пашовци, кој се познати и денес Пашовци. Мајка е на мојата жена е Велјаноска Ѓорѓијева Катарина Пашоска од с. Штавица мажена за Талески Благоја во с. Подмол.

Петко Џелин откако завршил со сводниклакот и гостинлакот кај Џелиновци и Конзулите веќе било некаде пред половина ноќ. Петко Џелин си тргнал да си оди за дома во Марул. Конзулите  го предупредиле Петко да остани и преноќева кај нив поради многу е касно зимно време има се и сешто пред првите петли да пеат има крволочна гладна дивина, сега е месецот Сечко волците се собираат во групи за парење по наше пцукање или парење. Петко на тоа советување во смеа одговорил, во шега јас ја имам ластегаркава, ќе му удрам по една ластегарка по задникот на секој волк, ќе заборават од каде дошле. Јас не се уплашив од канатларчанецот Дели Амет Чачаноски со поличнико го удрив по нозе во поројница па се плашам од дивината, ќе дадам еден вик, фит виделите ќе фатат. Молбата на домаќините конзулите за преноќевањето на Петко Џелин во Штавица не им се исполнила.

Петко Џелин со ластегарката под мишка во половината во ноќта си тргнал од кај Конзулите преку Мечкоец да си иди дома во Марул. Кога дошол во Мечкоец се задала една голема група волци глутница и го нападнале Петко гладни од свадбата з ада го распарчат и изедат. Бранејќи се Петко, но во близината од борбата имало една штавичка запрежна кола товарена со трње ама со едно колце била во дефецт.

Петко Џелин смогнал сили и се качил на колата со трњето. Волците рипајќи од сите страни наоколу колата за да го дофатат Петко. Меѓутоа Петко сепак во себе имал некоја сила и храброст извадил едно разниште од колата и почнал да се брани. Петко во одбраната ја удрил волчицата по муцка, квикнала таа и го напуштила местото, заминала на горе по Мечкоец. Волците еден по еден заминале по волчицата.

Благодарение на колата Петко се спасил од сигурна смрт од нападот на глутницата волци. Откако волците глутница со виење заминале нагоре по криви патишта урвали за на Горна рамна Петко слегол од колата и со голема брзина си отишол дома во Марул со пења на устата онемен, земен гласот на говор.  

Продолжува

Loading