ЏЕМ ОД КАЈСИИ В РЕРНА

Не пропуштајте и пригответе го вкусниот џем кој одговара за палачинки, колачи, торти и се мачка на лепче. Секој има некој свој начин на приготвување. Но, овој е лесен и едноставен, оти е старински, без долго готвење на кајсиите, а вкусот не се разликува и е идентичен со старинскиот.

Кајсиите не се мелат и не се лупат, туку само се мијат и се чистат од семки, а на половина од печењето се блендираат.

Потребни се 3 кг кајсии исчистени од семки и преполовени, 1,2 кг шеќер и сок од 3 лимони. Џемот се готви во пошироко тенџере и во помала количина да добие светла боја. Ако е во длабок сад и во поголема количина, има шанса да потемни.

Во големо широко тенџере се редат ред кајсии, ред шеќер. Се додава сок од лимон и и се готви на умерена температура в рерна. По час, се миксира да се добие мазно овошно пире, па се доготвува до посакуваната густина. Врелиот џем се складира во топли стерилизирани тегли кои веднаш се затвораат со капак. Теглата се превртува наопаку околу 15 минути. Потоа се враќа во првобитна положба, се покрива и се остава до следниот ден да се олади.

Loading