ДОМАШНО МАСЛО ЗА БОЛНИ ЗГЛОБОВИ, КОСКИ И ПРОШИРЕНИ ВЕНИ

Лесно се приготвува домашно масло со одличен ефекен за болни зглобови, коски, мускули и проширени вени. Потребни се три состојки што ги има во секое домаќинство и се лесно достапни.  Доколку се пробани сите можни креми и масти, но безуспешно, дајте му шанса на овој природен препарат и нема да се разочарате. Делува како мелем на зглобовите, рскавицата и крвните садови.

Една од состојките е маслиновото масло познато како лековит мевлем не само за кожата, туку и за коските. Тоа е аналгетик без несакани ефекти. Се користи и надворешно и внатрешно. Маслиновото масло го имитира дејството на синтетичките антиинфламаторни лекови. 4 супени лажици маслиново масло се еднакви на 10 отсто од препорачаната доза на ибупрофен за возрасни за да се намали болката. Аналгетското дејство се должи на олеоксантал, што го потиснува дејството на воспалителните медијатори. Олеоксанталот се наоѓа само во екстра девственото маслиново масло. Ако маслото е оригинално, во фрижидер станува бело и густо како маст. Масажата со маслиново масло ја ублажува болката, воспалението и вкочанетоста кај луѓето со ревматоиден артритис. Ефикасноста се зголемува уште повеќе ако се додадат други состојки. Ловоровиот лист и рузмаринот се богати со антиоксиданси и антиинфламатори. Ефектни се како антимикробни растенија. Ловорот ги потиснува воспалителните процеси. Има својство да го инхибира прекумерното производство на азотен оксид, корисно против воспалителните болести. Содржи кинеол. Ова соединение активира анти воспалителни реакции. Рузмаринот ја намалува болката без несакани ефекти. Содржи антиоксиданси и антиинфламатори. Етеричното масло од рузмарин се препорачува за болки во мускулите и зглобовите.

За домашно масло за болки и воспаленија се потребни лажица суви и сечкани ловорови листови, лажица свежи или суви лисја од рузмарин, 200 мл ладно цедено екстра девствено маслиново масло. Се ситнат ловоровите лисја, се ставаат во помало тенџере. Потоа се земаат 2 гранчиња зелен рузмарин. Се вадат листовите од гранчето. Треба да се наполни супена лажица. Се додаваат на ловоровиот лист и се преливаат со маслиново масло. Се полни поголемо тенџере до половина со вода и се става на оган. Помалото тенџере се става врз поголемото и се одржува на оган со ниска температура. Се меша повремено. По половина час се исклучува. Се поклопува тенџерето првин со крпа, а потоа и со капак и се остава до следниот ден. Се цеди преку газа и се складира во стаклена тегла со цврст капак.

Како терапија се става малку масло на прстите и се нанесува на болните места. Нежно се масира да ја стимулира циркулацијата на крвта и маслото полесно да навлезе во кожата. Се прави навечер, пред спиење во текот на една недела.

Со оваа постапка се враќа способноста за движење на вкочанетите зглобови. Помага при болка во вратот и грбот, рамото, коленото, хернија, ишијас, дископатија, артритис, ревматизам, гихт, остеопороза, проширени вени на нозете, слаби капилари, модринки, исчашување.

Loading