Виц на неделата

Малиот Пејо го прашува татко си:

– Тато, да те прашам, зошто се ожени ти со мама?

– Слушаш ли жено! И на детево не му е јасно!

**********

Две пријателки си зборуваат:

– Не можам да си најдам партнер во животот, Цвето, и тоа е тоа!

– Како не можеш! Слушај ме што ќе ти кажам од искуство.

Тоа е како да патуваш со градски автобус

– го чекаш твојот број, а кога ќе ти дојде преку глава од чекање се  качуваш на тој што ќе дојде!

– Е како така, а после што ќе правам ако не оди до таму?

– Па… Ќе се симнеш од еден, ќе се качиш на друг. Што му се мислиш толку!

Loading