ПРЕВРТЕН АВТОБУС  НА ДАБНИЧКА РЕКА

Мост на реката Дабничка кај зад старата автобуска станица во педесеттите години од минатиот век. Народ еден куп. Се збрал да помогне, да го исправи на тркала пропаднатиот автобус. Некои се само сеирџии, а некои видно вознемирени.

Дрвената конструкција на мостот не изгледа баш стабилна за да помине автобус. Шоферот ја пробал среќата и пропаднал од едната страна на мостот. Останале живи патниците. “Живо” и недопрено останало дрвото.

Отстрана, стари дуќани,  но и  куќи со нова архитектура.

Чуден настан. Штета што е несреќа.

Loading