ДЕСПИНА СЕДМА, ПРИЛЕП ОСМИ

Ракомет

Последните кола од ракометните лиги малку значеа за прилепските, а нешто повеќе за противничките екипи. Женскиот тим Деспина со 19:30 загуби од досегашниот шампион Куманово. Гостинките сакаа да останат со само еден пораз, од новиот шампоион Ѓорче Петров, така што ги вложија сите сили и победија во Прилеп. Деспина падна на 7. место, бидејќи во плеј-офот два бода повеќе од неа освои Стружанка.

Табела: Ѓ. Петров и Куманово по 39, Металург 33, Вардар 28, Чаир 21, Стружанка 10, Деспина 8, Пелистер 7.

Машкиот тим Прилеп доживеа ,,безболен,, пораз со 25:23 во Радовиш. Домашните се бореа за опстанок, цел што Прилеп одамна ја постигна со освоеното 2. место во плеј-аутот, вкупно 8. во Супер лигата.

Вкупна табела: Вардар, Пелистер Еурофарм, Бутел, Тиквеш, Пелистер Еурофарм 2, Охрид, , Пролет, Прилеп, Струга, Радовиш, Скопје, Металург.

Паузата е до септември.

Loading