ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (145) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Женети и мажени во 1953 година во Марул

Овде ќе ги запишеме подетално по презимиња и со нагласки кои се вдовци, вдовици, ергени и девојки:

1.Анѓелески Илиев Живко Стеваноски, вдовец со едно дете машко Васил, женет со вдовицата Стојева Алексова Неда од с. Рапеш од битолско;

2.Василоска Стојанова Тодорка мажена за Велјаноски Ристев Борис од с. Путурус;

3.Дојчиноски Божинов Благоја Јолески преженет за Јонческа Илинка, вдовица од с. Боротино без потомство од првите бракови, венчани во црквата Преображдение, Стара црква во Прилеп во пролетта 1953 година;

4.Ристеска Богданова Најденка мажена домазетица за Димоски Петрев Драган од с. Бонче. Венчани во бонечката црква Св. Јован и вратени за живеење во с. Марул;

5.Новаческа Живкојца Мара, вдовица со две деца, зеде маж вдовец без потомство Цветкоски Илијев Милан Митрески од с. Суводол, битолско;

6.Павлески Ванчов Мирко, женет за Колеска Секулова Нада од с. Бонче;

7.Петреска Цветанова Драгица Мурџеска, мажена за Максимоски Глигур од с. Шелеверци;

8.Ристески Блажев Богоја Танески, женет за Штркоска Зора од с. Беровци;

9.Ристеска Крстева Петра Танеска, маженаза Јосифоски Мирчев Пецо од с. Добрушево;

10.Стојаноска Илијева Калина Котеска мажена за Трајкоски Ристев Трајко Писокалецо од с. Чмово;

Предвојничка обука во Марул во есента 1953 година

После шест месеци од затворањето на колективниот дом и во почетокот на месец октомври задружниор дом во Марул повторно беше отворен четрнаесет дена за становање на луѓето од предводничка обука.

Оваа предводничка обука опфаќаше младинци од повеќе населени места: Бонче, Лопатица, Подмол, Марул, Канатларци, Ерековци, Шелеверци. Исто така, имаше војнички лица кои не биле на претходна обука, тогаш беа повикани да си го отслужат нивниот воен рок, такви омладинци имаше од населените места од прилепско Алинци, Веселчани, Загорани, Славеј и Беровци. Командантот на логорот беше Димоски Петре Дамјаноски од с. Подмол. Негови помошници беа Каламукоски Алексо и Петанчески Алексо од с. Тополчани.

Сите овие млади деца носеа самоделски дрвени пушки место ремен на нив имаше подебел сиџим за носење на рамо при занимањето и одење во строј. Воената настава, обука ја изведуваа на различни места во марулскиот сињор, атар.

После наставата вежбарите од поближните населби си одеа дома. А додека вежбарите од подалечните населби остануваа за преноќевање во задружниот дом каде беше обезбедено со сламарици за спиење. Исто така, за нив имаше обезбедено храна од гарнизонот од Прилеп. Секое утро во строј се читаше рапорт, заповест кој е присутен и кој е отсутем.

Нивната воена настава заврши со изведувањето боево гаѓање боева муниција. Гаѓање на мет ии направени пет лежишта. Гаѓањето се извршив о Капиништен ад село према Бонче. Гаѓањето беше обезбедено со обавестување до месното население и поставена стража на видните главни места. До скоро се познаваа лежишта за гаѓање, правецот за гаѓање беше од запад према исток. Оваа забрана важеше за бонечките и штавичките сточари за да не превоѓаат на западната страна на Веслец према марулскиот сињор.

Во тие денови додека траеше предвојничката обука имаше едно Турче пеливанче од с. Канатларци, името засега заборавено, научило за Василоски Милан Борачо и почна да го предизвикува Милана за борење.

Милан повеќе пати го одбиваше да е престарт со него да се бори, да има тешка работа сеаниа. Турчето и понатака провоцираше, не сум јас како трите пеливани од Измир, Турција, си ги нашол уморени и си ги соборил на Бајрам во Канатларци. Јас сум на бостан хранет со месо од угичи ладено на бостан во бунаро. Ако фатам тебе со со еден мој рака ќе те фрлам на тој вашиот цуцка Веслец. Ти можиш да чистиш мојот ушко и чевлите во домов.

Навредуваше пеливанчето и за многу други работи. Алексо Петанчески и командантот Петре Дамјаноски му рекоа на Милан за да му се збори на Пеливанчето. Милан одбиваше и рече да него не му прилега да се бори со деца испод дваесет години, а тоа вреѓа.

Но, сепак Милан се согласи, рече дека ќе му се збори сам, утре имам за сеење нива во Каракамен, ќе си дојдам порано, ќе се збориме во кордата моја на чајрот, е полна со гној. Сите пашити добици кај си одат на вечер тука преноќеваат и наутро заминуваат на пасење.

Речено, сторено. Командантот Петре Дамјаноски ја пуште веста меѓу вежбарите. Вежбарите одејќи си дома ја пренесоја веста во своите населби. Исто така, веста се прошири и во нашето село Марул. За нарадниот ден на одреденото време после ручек се собра многу народ од околните села Бонче, ЛОпатица, Подмол, Канатларци, Рувци, Штавица и од подалечните населби дојдоја кај трлото од Милан за да го следат пеливанскиот натпревар меѓу Милан и Турчето.

Сите марулци беа во голем интерес, а поготово помладата генерација само слушала за Милан како борач, а го немале видено него на дело да се бори. Во Канатларци веста беше примена на големо, ги имаше дојдено со коњски чези преку десет дојдоа на чајрот кај трлото од Милан . Присутните беа сите вежбари, ужениците од нашето училиште заедно со учителката Котеска Драгица прилепчанка и служителот Новачески Јован гледачи на тој настан помеѓу Милан Василсоки Марулецо и Турчето пеливан од с. Канатларци.

Борењето започна после ручек и не се чекаше долго време, Милан го фати пеливанчето пресполу, му го даде колкот и го преврти на грб, на плеќи. Не го пушта и  чека признавање, голем аплауз за Милан од присутните. Милан доби повик од присутните гледачи да е победник. Навивачите на турското пеливанче н его признаваат поразот, а и самото Турче пеливанче.

Се фатија за втора борачка тура. Милан вешт, лукав го фати за пресполу пеливанчето набрзина према себе, му го удри колкот и го налегна под него волепешките. Му полетаа лепешки на пеливанчето турско, тоа дишидлабоко, лепешките подлетуваат во воздухот и поново се враќаат на неговото лице. Сега Милан не го пушта, го држи под него. И чека признавање од страна на турското пеливанче. Турчето си го призна поразот.

Исто така, дојдените Турци како гледачи го признаа поразот. Некои млади од вежбарите не го признаваа поразот, почнаа понервозно да се однесуваат. На тоа нивно однесување командантот Дамјаноски Петре испука една пушка, ситуацијата се смири. Гостите од Канатларци мирно и потценувачки си заминаа за Канатларци. Нашиот школски служител Новачески Јован, голем навивач, симпатизер према Милан од смеа се закашла и подолго време беше задушен од неговиот задув.

Кога си заминуваа бончани и штавичани беа големи табори на луѓе. Највероватно половината жители од нивните села дојдоја н алице место да го видат јунаштвото на Милан Василсоки Борачот и да се уверат за неговите вештини и тактики. Милан во сите околни, ближни и подалечни села имаше големи симапатии кај нашиот народ. Со тоа заврши таа драма со борењето. Во Марул остана голем спомен за сите генерации засекогаш.

После неколку дена беше завршена воената обука за младите вежбари, клучевите од задружниот дом му беа вратени на марулскиот одборник Јованоски Цветан Крушка, а додека задружниот дом остана понатака, онеме и осамен.                     

Продолжува

Loading