СПАС ОД ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ СО ВОДА ОД РУЗМАРИН

Промеливото време и високите температури се непријатни за луѓето со низок притисок. Хипотензија е предизвикана од недоволна количина на крв во крвните садови. Поради слабиот доток на крв може да дојде до тешки оштетувања.

Главно се говори за последиците од високиот притисок, но може да биде опасен и нискиот. Затоа е потребно навремено регулирање.

Со рузмарин може на природен начин да се крене крвниот притисок и да се отстранат тегобите, како умор, вртоглавица, поспаност, главоболка, и слаба концентрација и памтење.

Крвниот притисок се прилагодува да обезбеди доволно кислород за секоја клетка. Понизок од 90/60 се смета за низок, но и нешто повисокиот од ова може да создаде симптоми. На пример, доколку најчесто е 110/70, падот за 20 единици може да предизвика непријатности. Нискиот притисок може да биде нормален и да не биде причина за загриженост. Притисокот се снижува при спиење или при нагло станување. Може да варира поради ритамот на дишење, физичката кондиција, начинот на исхрана… Притисокот е различен во различни периоди од денот. Она што за некого е низок, можеби за некого не е, па докторите го сметаат оној низок притисок кој веќе создава одредени симптоми. Сепак, одредени здравствени напрегања може да се симптоми за хипотензијата, што води кон намалена достапност до кислород на одредени ткива и клетки. Дополнително и нискиот притисок кој не е резултат на некое заболување, може да предизвика збунетост, слабост и главоболки, потење, замор, жед, нарушена концентрација, дезориентираност, несвестица, замаглен вид, повраќање,…

Екстремно ниските вредности за крвниот притисок можат да бидат и животозагрозувачки, а симптомите се забрзано и “плитко” дишење, слаб и забрзан пулс, ладна и бледа кожа и целосна дезориентираност. При овие симптоми, веднаш треба да се побара медицинска помош.

Против нискиот притисок се пие повеќе вода против дехидратацијата, која се случува при повраќање, тешка физичка активност, покачена температура и претерано потење, но и при користење на диуретици. Во такви случаи пожелно е да се зголеми внесот на сол, иако солта најчесто е непријател. Но, натриумот го зголемува притисокот.

ЧАЈ ОД РУЗМАРИН

Потребни се неколку свежи листови рузмарин (колку што собира во една лажица) и 200 мл зовриена вода. Билката се прелева со зовриена вода а, после 10 минути се цеди. Овој чај се пие еднаш дневно наутро.

Loading