“ФАМИЛИЈА” НА ИЛЈАДНИЦИ ВОЗРАСНИ БРАЌА И СЕСТРИ

Прилепските и битолските пензионери

Заедничка средба во Прилеп имаа извршните тела на здруженијата на пензионерите од Битола и Прилеп. На иницијатива на раководството од прилепските пензионери во Битола се потпиша меморандум за збратимување на двете здруженија уште пред пандемијата.

Во салата од разгранокот Тризла беа разменети искуства и мислења за продлабочување на соработката. На четириесетината пензионери од Битола и Прилеп им пожелија долг и здрав живот и многу заеднички средби претседателот на ЗП Прилеп, Славко Трајкоски, и колешката од Битола, Данче Петличкова. На четвртата средба на соседните градови се зазеде заклучок за градење на заеднички пелагоноски пензионерски став.

Битолчани ја посетија и Спомен куќата на поетот и лингвист, Блаже Конески, во Небрегово.

Loading