МАСОВЕН МАРШ ЗА МУЗИЧАРОТ

Многу учесници имаше на Меморијалниот планинарски марш во чест на Петар Андоноски Музичарот. Во беспрекорната организација на ЕПД Картуш, околу 350 планинари, од Прилеп, Скопје, Гостивар, Неготино и Битола, ја изодеа   патеката на Селечка планина раскажувајќи спомени за Музичарот. Дружбата се круниса со доделување на дипломи и вкусно гравче за сите учесници. Најмладиот беше Калина Петкоска (6), а највозрасниот Симе Сенокозлиоски (79).

Следно од ЕПД Картуш најавуваат прошетка во Грција, посета на влашкото село Мецово и градот Јанина, како и искачување на врвот Дудица на Кожув.

Loading