ПРИРОДНО ЧИСТЕЊЕ НА КРВНИТЕ САДОВИ

Ќе се препородат крвните садови за 10 дена со стар народен лек за чистење на крвните садови. Од витално значење е здравјето на вените, артериите и капиларите. На природен начин може да се зајакнат и да се спречат несаканите исходи. Не се поребни лекови кои честопати доведуваат до оптоварување на црниот дроб и бубрезите.

За целосно да се исчистат крвните садови и да не се оштетат другите органи  од неправилната исхрана нужна е рехабилитација, оти ѕидовите ја губат еластичноста и стануваат крути, а во внатрешноста се таложи холестерол. Така значително се стеснуваат и се намалува циркулацијата, при што се намалува снабденоста со крв во виталните органи и нивна исхранетост. Затнатите крвни садови се опасни по животот. И мозокот страда, бидејќи не се снабдува доволно со потребниот кислород, а крвниот притисок расте. Како последица би можел да биде мозочен или срцев удар и други сериозни болести.

За да се исчистат крвните садови се потребни 4 цели лимони со кора, корен од ѓумбир, големо колку палец од рака, 2 литри вода, 4-5 чешниња лук и 2 лажици мед. Добро се мијат лимоните и се преливаат со врела вода да се отстрани нечистотијата. Се сечат на парчиња и се отстрануваат и семките. Ѓумбирот и лукот се чистат и се мелат во машина или во блендер. На оган треба да се зоврие 2 литри вода, па се остава да се излади до 60 степени. Се додава лукот, ѓумбирот и медот, па добро се мешаат. На крај, се додаваат лимоните. Се готват 2 часа на најниска температура или целата содржина се става во термос да се одржи температурата два часа. Потоа се лади, па се блендира со рачен миксер, се меша добро и се цеди содржината. Лекот се чува во тегла од 3 литри во фрижидер.

Секој ден на гладно се пие по 100 мл од течноста исто толку навечер. Терапијата трае три недели, по што се прави пауза од една седмица. Потоа се продолжува со консумација следните 4 недели.

Ефектите се чувствуваат за 20 дена. За целосно чистење, се продолжувао третманот.

Loading