МАЛ СТОМАК СО КИСЕЛО МЛЕКО, ЛИМОН И КУРКУМА

Напитокот е богат извор на пробиотици, витамини и минерали, па не само што поволно делува врз здравјето и прочистување на цревата, туку е идеален за слабеење и затегнато тело. Паѓаат килограмите на природен начин без несакани ефекти.

Напитокот од кисело млеко или јогурт, а најдобро со кефир, се приготвува лесно од домашни состојки. Освен млечниот производ кој мора да биде со живи култури (пробиотичен јогурт, кисело млеко или кефир), се додават лимонов сок и чили. По желба се додава и куркума и малку ѓумбир. Доколку немате чили, се заменува со свежо мелен црн пипер, иако чилито е за поефикасно поради капсаицинот кој  го забрзува метаболизмот. Куркумата и ѓумбирот се многу лековити. Ги разложуваат мастите. Се додаваат по прстофат. Напитокот ја регулира столицата.

Напитокот го намалува обемот на стомакот и вишокот на килограми. Само малку се намалува и количината на оброците и десертите. Може да се замени со здрава храна. Со оваа “терапија” не се гладува.

Напитокот се подготвува со турање на обична вода во бокал каде се ставаат сечкани краставици, јаболка, лимони или овошје. Потоа некои свежи билки како нане, копар или босилек и откако ќе отстои неколку часа или преку ноќ, спремеа е за пиење.

Во една чаша се стават пробиотски јогурт/кефир или кисело млеко, па се додава сок од половина или цел лимон. Потоа половина лажичка чили, по прстофат куркума и ѓумбир во прав. Се мешаат и се пие во вечерните часови. После овој напиток не се јаде. Се применува две седмици.

Loading