УМРЕ МУЛЕТО

Една жена, толку ногу си го сакала мажо шо ни дејне ни нојче не се одделувала од него. Ама, непендек, по 2-3 години мажо се разболел и умрел.  Од голем мерак по мажо кутрата, секое сабајле рано, а навечер доцна одела на гробо и тажела со сати.  Попо и слугата се чуделе. Попо – недоквакан, му рекол на слугата:

-Не сум видел некоја жена толку ногу да си го милуа мажо. Ова кучка никојпат нема да го заборај, а камо ли да помисли на друг!? А, види, колку е млада… р’скајче?!”

Слугата, демек, покурназ од попо, па рекол:

-Да не жал за оние рабојче? Да се кладиме дека че ја кандисам!

Попо, му ја думал и си рекол, шо сака нека биди, баш да го видам и то чудо. По договоро, ако слугата ја кандиса, попо да му го дај мулето, а ако не ја кандиса, слугата на попо да му и дај двете волиња.

-Аирлија, пуштам рака, ама – зборо е збор – рекол попо.

Слугата го натерал попо да се качи на едно дрво да можит одозгора да гледа и да слуша. Квечерината, се задала невестата на кај гробиштата. Слугата на пусија клекнал на еден пресен гроб. Почнал да реди до вишно небо:

-Леле, жено, што сум жив без тебе, за кај сум сега кутрио,,?!

Жената пошла на гробо од мажа си, та почнала да тажи, дури грло ја држело. От ко попрестанала, се обѕрнала и шо да види. Слугата тажи уште посилно.

Расплакана, го зела пагурчето со ракија и отишла на гробо кај шо тажел слугата да го почести за душа за мажот и.

-И тебе те снашла мака ко мене? Од шо умре жена ти, Бог да е прости?!

-Си умре по моја грешка!

-Да не ја тепаше, да не ја бркаше од дома?

-Скраја да е. Ич, ништо од то. Полошо е, ама, срам ми е да ти кажам!

-Да не умре од некоја тешка болест, како мојов Јонче кој си си ојде на оној свет  фатен од офтиката?!

-Не, не е ни от то! Че ти кажам оти ми се пулиш ко ачик жена шо ногу си го сака мажо.

-Кажи, нека ти олеснит на душичката.

– Една вечер бев малце напијан, а “алато” голем. Та ко и се бапнаф, ги овргали, двајсчетирите, уште еднашка не се опули кутрата. За кај  сум сега, кутричкио?

-За кај мене си, шом таква била работата. Ела, бапосај се и кај мене. И јас да ги овргалам двајсчетири и да си појдам кај маж ми.

Слугата, пеземек, не чекал двапати да му се речи. Ја опрчалил  под  дрвото да можи попо да гледа и да знај дека го загубил облогот.

Таја, ко шо била “загорена”, само велела: “Ај, уште малку повнатре, оти  еве, готова сум, умирам, умирам…

Попо пак не можел да издржи, од дрвото почнал да се дери чунки улав:

-Море, путуко ти мајчин, ти не умираш, туку мене ми умре мулето!

Loading