НАЈТЕЖОК МЕЧ ЗА ДЕСПИНА

Жени

Младиот тим на Деспина попладнево го има најтешкиот противник, лидерот на табелата Љуботен. Предноста на ривалот не е само домашниот терен во Тетово, туку квалитетот во кој доминираат засилувањата од странство. Љуботен има само еден пораз, четири нерешени меча и 12 победи, додека Деспина е деветта со четири победи, една нерешена и 12 пораза. Најважно за прилепската екипа е што е речиси сигурна во опстанокот, бидејќи само двете најслаби од вкупно 12 се селат во Втората лига.

До крајот на првенството Деспина дома ќе игра со струшки Ас унитед и со Истатов од Дојран, на гости со Топ гол во Битола и со Шкендија во Тетово.

Loading