ДОМАШНА СМЕСА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ВЦ ШКОЛКА

Чистењето на бањата е непријатно, бидејќи не само што бара трпение и физичка сила, туку и користење на хемиски средства штетни по здравјето. За среќа, има една смеса што не е штетна, а е корисна, оти ја  одржува ВЦ школката чиста и миризлива цела недела. 

За првиот рецепт се потребни 160 г. сода бикарбона, 16 капки етерично масло од лаванда, ½ лажица оцет, 1 лажица хидроген пероксид 3% и 60 мл. лимонов сок. Сите состојки се мешаат полека во сад и се оставаат да се смири околу 4 часови. Од смесата се става во ВЦ школката.

Со домашни, шумливи, миризливи бомбички природно, еколошки се чисти школката без хемикалии. Се приготвува едноставно. Потребни се сода бикарбона, лимонтус и етерично масло (лаванда, ментол, портокал, лимон и сл.). На еден дел лимонтус потребни се 2,5 дела сода бикарбона и 25-30 капки етерично масло. На пример, од 100 г. лимонтус, 250 г. сода бикарбона и 50 капки етерично масло од портокал.за подготовка се  потребни околу 20 минути. Се добиваат 20 бомбички. Во длабок сад се мешаат содата и лимонтусот. Во смесата се додава етерично масло и пак добро се меша. Може да се додаде некоја боја во прав или да ја оставите безбојна. Во распрскувач се налева вода, најдобро провриена и ладна. Во силиконските калапи со лажица или со рака (задолжително носете ракавица) се префрла смесата. Без многу притискање, зошто, ако се премногу стегнати бомбичките, потешко ќе се растопуваат во водата. Не се преполнуваат калапите. До половината и смесата расте. Смесата се прска, без многу влажнење. Подобро е подолго приготвување, отколку да се расипе. Поради големата количина на вода, содата и лимонтусот стапуваат во реакција, а смесата се активира и ќе се расипи. Во силиконските калапи со лажица или со рака смесата се префрла без многу притискање. Потешко ќе се растопуваат во водата ако се премногу стегнати. Не ги преполнувајте калапите. Само до половина за да може смесата уште да расте. Може и со раце да се прават топчињата. Оставете ги бомбиците на собна температура да се исушат 3-4 часа. Чувајте ги во пластичен сад или во стаклена тегла. После, фрлете една бомбица во ВЦ школката. Додека врие, бомбицата чисти, освежува и го дезодорира воздухот во тоалетот.

Бомбиците се чуваат во тегла во бањата, оти убаво мирисаат 10-15 дена.

Loading