ПУКАНКИ ЗА ЗАБАВА И ЗДРАВЈЕ

Пченката е билка која стана и човечка храна. Најпозната е шеќерната пченка. Житарката е богата со витамини и со јаглехидрати. Се консумира наместо леб во многу национални кујни. Добра е во борбата против холестеролот, регулирањето на крвниот притисок и за диететски режими. Богата е со витамин Ц, магнезиум, Б витамини. Здрава е, оти има малку маснотии. Со витаминот Ц се обновуваат клетките и се засилува имунитетот. Плус е еликсир против стареење. Б-витамините се важни на метаболизмот, додека магнезиумот е одличен за нервниот систем и контракции во мускулите. Богата е со антиоксиданси, важни за здравјето.

Има благ вкус и е крцкава. Најдобро е да се јаде свежа. Не е пожелна конзервирана. Најмногу се консумира како пуканки. Содржат малку калории. Се подготвуваат во микробранова печка или на малку масло во загреано тенџере. Пуканките помогаат во борбата со ракот. Способни се да ги блокираат ензимите за развој на ракот. Помогаат во метаболизмот и дигестивниот тракт. Луѓето кои уживаат во пуканки имаат слаби шанси за дијабет. Идеални се за диета и за одржување на телесната тежина.

Loading