ХЕРОЈ ПРИЛЕП Е ШАМПИОН

Стрелаштво

Стрелечкиот клуб Херој Прилеп се враќа на високите позиции во македонското стрелаштво. На Државното првенство со воздушно оружје – Меѓународна програма, во Битола, прилепскиот клуб стана шампион со воздушна пушка. Во оваа дисциплина кај јуниорите победи Мартин Ангелески со, а кај јуниорките Ирина Јованоска го освои второто место. За титулата продонесоа уште: Борче Талески – трет кај сениорите, Филип Гичевски – шести кај јуниорите, Ангела Стојаноска – трета кај сениорките, Фросина Конеска – четврта кај јуниорките, Магдалена Ристеска – шеста во таа конкуренција. Според овие резултати, на табелата Херој Прилеп е прв со 1812,5, пред Кавадарци со 1777,3, РЕК Битола со 1748,3, Охрид со 1717,3, Велес со 1121,4.

Во дисциплината воздушен пиштол кај сениорите Сашо Тодоров е трет, Александар Чадамовски четиринаесетти, а кај сениорките Маја Чешелкоска е  четврта.

Тренерот на Херој Прилеп Трајче Дамевски има задоволство и како селектор на репрезентацијата на Македонија, која ја водеше на Меѓународниот шестоаприлски турнир во Сараево, каде машкиот дел во кој беше Мартин Ангелески, екипно го освои сребрениот медал, веднаш зад победникот, домашниот клуб Сараево.

Loading