ДЕРБИ ВО СЕКОЕ КОЛО

Фудбал: Трета лига – Југ

Првенството во Третата лига – Југ нема главен фаворит и затоа е неизвесно и интересно. Повеќе кандидати се за највисок пласман, па во секое коло има по некое дерби. Во неделата водечкиот Превалец во Велес не успеа да го совлада крушевско Питу Гули. Резултатот е 1:1.  Во Неготино Вардар убедливо со 3:0 го надигра Росоман. И во средата имаше пресметки: Ново Црнилиште – Големо Коњари (4:2), Превалец – Вардар (3:6).

В недела во фокусот е мечот Вардар – Питу Гули.

Loading