ПРАВИЛНО ГОТВЕЊЕ НА СПАНАЌ

Спанаќот е суперхрана поради многубројните хранливи материи. Обезбедува протеини, железо, витамини и минерали на телото. Богат е со железо. Од витамини содржи каротин, витамин Б и витамин Ц. Способен е да акумулира нитрати, кои потенцијално можат да станат штетни, особено за децата под една година. Нитратите не се штетни, но претворањето во нитрити се зодаваат состојки кои можат да предизвикаат метхемоглобинемија, која во екстремни случаи може да биде фатална. Нитратите ги има во дршките на листот. Со  отстранување, се намалуваат негативни ефекти.

Спанаќот го забрзува лачењето на водата од телото, ја олеснува работата на срцето и бубрезите и го намалува крвниот притисок. Не се препорачува за пневматичари и луѓе со бубрежно заболување, поради забрзување на формирањето на камења во бубрезите.

Да се зачуваат здравите состојки, се готви пократко,  без изложување на високи температури. Наједноставно се подготовува со бланширање. Се става кратко во зовриена, малку посолена вода неколку минути. Се меша и веднаш се цеди. Се разбира, добро се мие пред бланширањето.

Или во тава се загрева малку масло и се пропржува сечкан лук. Се додава лажица брашно и се меша додека запени. Се промешува. Кога сé ќе се загрее и згуснува, малку по малку се додавае млеко. Потоа се додава бланшираниот спанаќ, зачинете по вкус.

Најдобро е да се готви количина што се јаде веднаш, бидејќи не се препорачува подгревање.

Loading