НАЈУБАВИ РОЗИ НАПРОЛЕТ

Можеме да се сложиме дека розите се посебни и дека апсолутно ја разубавуваат секоја градина. Да почнат розите убаво да цветаат напролет се препорачува да се насадат во доцна есен, но доколку веќе е доцна, тоа може да се направи и во рана пролет. При садењето, розата треба да ја засадите подлабоко в земја заедно со обвивката. Есенската роза напролет треба само да се расчепка, да í се фрли малку хумус и добро да се наѓубри. А напролет треба младите фиданки само да се поткастрат. На стеблото се оставаат само три гранки долги 15 см. Доколку зимата е силна, со многу снег или мраз, може да предизвика штета во голема мера. Затоа се штити со најлон или слама околу фиданките.

Loading