ДОАЃА ВРЕМЕТО НА ГЛУВАРЧЕТО

Во народната медицина, глуварчето се користи за секакви болести. Се препорачува за атеросклероза, воспалителни процеси во бубрезите и црниот дроб, како и камења во жолчното кесе и бубрезите, холециститис, гастритис со ниска киселост, ниско ниво на калиум во организмот, цироза…

Бабите советуваа да се зема за ослабен организам, при труење, отоци и други тегоби на зглобовите.

Глуварчето треба да е често на менито, особено напролет. Тоа е  прва билка низ раззеленетите тревни површини. Се бере за салати, а во зима се јаде со мед или се пие чај од цветовите и корењата.

На сончев ден се собираат жолтите цветови, оти се полни со витамини. Се полни тегла со цветовите, а после секој слој се става шеќер, може и интегрален. Кога теглата ќе се исполни до половина, се затвора и потоа се остава на сонце додека се растопи шеќерот и се претвори во еликсир, во кафеав екстракт со пријатен вкус. Од сирупот се додава по една лажичка во чај или некој друг пијалак. Најдобро е да се јаде, наутро на празен стомак.

Сите со ослабен организам или подложни на херпеси, особено на устата и околу носот, треба да јадат по 7-10 цветови еднаш неделно додека е цветањето. Цветовите треба да се чисти од зелениот дел. Слатки се по вкус, со мирис на мед.

По третманот организмот се чисти и јакне.

Loading