АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Само долго зреената песна во поетот ќе биде зрела за читателот.

x

Каква е тоа убавина без синевина?

x

Не треба да се дозволува болеста да го одредува здравјето.

x

За настаните во својата куќа не се информирајте од соседите.

x

Постоењето е помеѓу смртта и  бесмртноста.

x

Цените мора да се смрзнат за да не смрзнат граѓаните.

x

Не намигнувај на слепиот!

“Д-р Хаџи-Васков

Loading