ВЕЛЕСКИ – НАЈДОБАР МЕЃУ МАКЕДОНЦИТЕ

Шах

Фидемајсторот Роберт Велески одлично одигра на Аматерско првенство ,,Блаже Конески 2021,, во Скопје. Загуби само една партија – од победникот Стојан Стојанов од Бугарија, двапати ремизира – со ФМ Љубомир Хаџи-Манев и со Бугаринот Радислав Атанасов, а четирипати победи – со Ниметула Османи, Ванчо Петров, Томислав Голубовиќ и Дејан Јанков. Петте поена се за 3. место меѓу 41 учесник. Најдобар е меѓу Македонците, со оглед на тоа што над него се само Бугарите Стојанов и Атанасов.

Младиот Матеј Ѕвездакоски е на 18. место.

Loading