ПОДЕМ И ПАД НА ПРИЛЕП

Ракомет

Машкиот суперлигаш Прилеп пријатно изненади со победата од 27:24 дома над фаворитот Пролет. Подвиг значаен за самодоверба, најпотребна во борбата за опстанок. Во средата беше мечот, пак дома, Прилеп – Скопје (26:27). Ново гостување ќе има викендов, кај битолски Еурофарм Пелистер 2. Тука завршува есенската полусезона, со продолжение на 3 февруари.

Женската екипа Деспина со 31:20 го совлада Феникс во Битола, а викендов дома игра со скопски Шампион.

Loading