ШЕСТ ПОБЕДИ – ЕДЕН ПОРАЗ

Кошарка

Машката екипа Мега баскет со 85:67 го совлада Дибра иглс на последниот есенски настап во Третата Б-лига. Билансот е 6 победи – еден пораз. На табелата прилепскиот тим е прв со 13 бода, но за есенски првак имаат шанса да бидат Куманово со 11 бода од 6 меча и Работнички со 10 од 5 меча. Тие викендов имаат меѓусебен дуел.

Женската екипа Мега баскет со 40:93 дома загуби од скопско Гризли.

Loading