ДОБАР ПАНДЕМИСКИ ТЕАТАР

Се спушта чигата на 55- то издание на МТФ “Војдан Чернодрински”

Со доделувањето на наградите вечерва завршува 55-то издание на МТФ “Војдан Чернодрински”. Во чест на наградените и за 100 годинишнината од раѓањето на македонскиот великан Блаже Конески, Драмскиот театар од 19 ч. во театарот “Војдан Чернодрински” ќе го изведе омажот “Драмски за Конески”.

Фестивалот понуди добар избор на претстави во пандемиски услови. Вкупно 12 во официјална програма од современата и класичната драматургија. “Театарот во ковид 19, проблеми и решенија” беше трибината каде Катарина Коцевска, уметничкиот директорм посочи дека нашата уметност е жива и изведувачка.

-Актерите се соочени со жив контакт, разменуваат зборови. Сето тоа е небезбедно. Пробавме да играме со маски, но е проблематично. Публиката е најбезбедна со тоа што е на дистанца, се носат маски и не зборува. Протоколот тече, маски, дезинфекција, мерење температура… Ќ е покренеме иницијатива да имаме барем 50 проценти публика затоа што со 30 проценти не се функционира. Претставите течат, но финансиски голем проблем е одржливоста на театарот  -рече Коцевска.

-Оваа професија е за публика. Порано не игравме за малку луѓе. Текстот поинаку звучи пред публика. Без неа текстот се губи низ салата. Театарот е убав кога е полн, кога мириса на театар, на убави парфеми, на кармини, кога шушкаат здолништа и аплаудира публиката, а ние се поклонуваме долго – посочи Драган Спасов – Дац.

-Секоја земја мора енергично да се бори со примена на мерки и да го одржи театарот во живот. Ако го загубиме, тогаш ја губиме културата – истакна Александар Милосављевиќ.

На фестивалот се промовираа книгата со драмаски текстови “Невидливите” од Тена Штивичиќ, “Горан во Драмски” и “Еуродрам – избор на  шест нови македонски драми” финансирани од Европската мрежа за современа драма. Во изборот е вклучен и драмскиот текст “Саатот” од Лидија Митоска Ѓорѓиевска, драматург во нашиот театар.

Loading