НАГОРАМ ТИ ЌЕРКО, СЕТИ СЕ СНАО!

Прилепски мајтапења

Со последниот дожд, мегу драпачите многу актери и статисти по клупите. Личат на парламентарна сала, во која само стриковците Рампо и Цане место да седат, стојат.

– Рампо, Цане, и ја мора да седнам, ама клупава ми се гле ко водена, а имам мака со хаубава. Че настинам –  праша еден.

– И да седниш, че бидиш ко да стојш – се налути Цане.

– А, од тебе не сме слушнале ни бела, ни црна – рече стрико Рампо.

– Ја до се бев ко прафосмукалка, ко сликар. Собирав и сликав, па дојдов да прашам – вели “грамадниот”.

– Ајде, не тегај се ко гумарабика – го прекори Цане!

– Читам за преселбава од парков во Домон. Ви се чудам на умот. Ептен сте биле задрти. Која будала  че дој овде од ко че стегни мразо, – праша “големио”.

– Некој ко тебе, самстрак. Кажуј шо сакаш, за да не те пратиме от кај шо си дојден? Ептен сте биле дудуци и вие и овие позеленетиве – констатира соговорникот.

– Зошто бе крмак?

– Со документов кажувате дека сте за резил. Ја резилите и фамилијата и партијата и улицата… Некој од улица порно чео напишеше – ги прокуди тој.

– Почитуван дојденец, море абдал, насобраниов народец гледа шо трици јадиш и не можат крај со крај да кла. Да беше порен, немаше да си ко воле во врато, ко каца во мево, ко вдојца во хаубата, бати протуренио. Шо мана најде, – луто праша Цане.

– Да се чудиш. Ни точка, ни запирка нема. Не разбрав дали че се повлекуваме во октомри или ко че падни температурава тро подолу и дали сите чојме во Домон во кого полојната одовде не не собира – изведе чуденка “големиот”.

– Ако тргнат кон критизерот, се може да се случи. Ќе има и турканици и тупаници. Море слепец, немој да врејџаш, прибери се да не те прибериме. Кај те донесе тој со една нога, баму стапалото баму…! Не си видел задната страна. Клајни се точки, запирки, прашалници… Дозволено е кој кај сака, таму нека ги клава! Не сме даскали. А документов е појден на усогласување. 

– Сакаме и тро европејцки да се однесуваме. Се разочарав ептен. Овде сме за драпање, а не за мудрување. “Нагорам ти ќеро, сети се снао…”. Ви панда удолу шегобијноста и итроманството. Ај здраво, џоамити курнази!

Loading