ЛЕКОТ Е СОВРЕМЕ ДА СЕ ДАДЕ ГОЛ

Фудбал

Победа со 6:0 го растури Осогово и внесе страв кај наредните противници од Втората фудбалска лига – Исток. Противникот беше разбиен на почетокот со голот на Бојан Спиркоски во 5. минута. Натаму беше се полесно, па со головите на Антонио Бошески и Петар Најдов се стигна до 3:0 за 10 минути. По вторпат мрежата ја затресоа Спиркоски и Најдов, а конечниот резултат го постави Давор Јошески со удар од 30 метри.

Се очекува сигурен триумф в недела со Локомотива во Градско. Таму со 1:0 загуби Братство, кое в недела (15 ч,, на Могила) игра со Кожуф.

Табела: Саса 13, Слога 12, Победа и Беласица 10, Кит-Го 9, Кожуф, Локомотива, Детонит и Осогово 4, Братство 1.

Loading