БОРБА СО БИТОЛЧАНИ

Ракомет

Екипата на Прилеп со 30:29 на гости го совлада новиот суперлигаш Скопје. Беше втора победа во четирите есенски кола од Супер лигата, а за да се постигне третата ќе има борба со соседниот ривал, Еурофарм Пелистер 2 од Битола. Гостинот има 1 пораз, а 3 победи. Мечот е в сабота во салата на СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко,,.

 Женската суперлигашка екипа Деспина со 28:18 загуби од Чаир во Скопје. Во средата Деспина – Гевгелија (28:24), а следниот меч е на 14 октомври во Куманово.

Loading