ПРИЛЕПЧАНИ ГИ ПОКОСИЈА ГОСТИНСКИТЕ РИВАЛИ

Регионални спортски пензионерски игри

penzioneri

На регионалните спортски натпревари на Паркот на револуцијата учествуваа 60 пензионери од Битола, Крушево, Демир Хисар, Ресен и домаќинот, Прилеп. Домашните доминираа. Излегоа највешти и станаа севкупни победници.

Натпреварите претставуваа квалификации за државните спортски игри на пензионерите на 29 септември во Велес. Лани не се одржа спортската манифестација поради пандемијата.

На игрите присуствуваше и претседателот на пензионерите во земјава СтанкаТрајкова.

Претседателот на прилепското здружение Славко Трајкоски изрази задоволство што пензионерите спортуваат и во ,,третото,, доба. За него, не е важно кој ќе победи. Сите се победници, победувајќи ја засега тешката и непредвидлива болест, Ковид-19 и зачувувајќи го здравјето.

Инаку, во трачање на жени над 60 години победи Славица Јованова од Прилеп. Во трчање мажи на 80 метри најдобри резултати покажа Мицо Мицовски од Прилеп, а најдалеку го фрли ѓулето Зоран Јошески од Прилеп. Во удирање на пенали на мали голчиња најдобри беа прилепските пензионери. Во скок од место за мажи најдалеку скокна Мирослав Кузманоски од Прилеп.

Loading