ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (108) – 2 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul-1

После погребот на Богдан селото Марул преку своите претставници, одбори донесле една хумана идеа за да бидат заштитени богдановите деца сирачиња и нивната мајка Чона предложиле да триесет и две годишниот Атанас неоженет да пристани да направи брак со вдовицата Богданица Чона за да остани и понатака во нивната куќа за брачен пар со Атанас за домаќинка во куќата од женски пол и заштита на Богдановите три деца сирачиња. Сите потребни недостатоци ќе имаат секаква помош од селото. На тоа Здравески Атанас не се согласил за да направи брак со Чона Богданица со изговор дека сам ќе си го реши тој проблем.

После едно извесно време вдовицата Богданицата Чона се договорила со исто така вдовецот Мојаноски Богоја од с. Бонче за да склопат брак за заеднички живот под услов да вдовицата Чона за да ги раздади нејзините три деца сирачиња Трајче, Стева и Стојан раненичина додека неговото дете девојче од првиот брак да остани при него дома во Бонче.

Вдовицата Богданица Чона децата ги раздала раненичина. Трајче го дала ранениче кај Ќосеска Стоја во с. Дедебалци, Стојан го дала кај Русевци во с. Добрушово. Стеван го дала ранениче кај Џајковци во с. Мало Рувци. Чона Богдановата жена откако ги средила децата се премажила, преселија кај Мојаноски Богоја во с. Бонче  која во бракот со Богоја оснивале нова фамилија родиле две деца Антон и Цветан.

Вечниот дом, гробот на Богдан беше негуван од неговите синови поготово од неговиот најближен син Стеван од с. Мало Рувци кој секоја година пред денот Дуовден идеше во Марул и му го чистеше гробот на неговиот татко Богдан. Оваа синовска традиција се одржуваше над вечниот дом на нивниот покоен татко Богдан се до 1975 година кога беше погребана Трајковска Василица Менка (Ѓелојца) родена во с. Радобор, а се догледуваше кај ќерка си Илинка Здравеска Атанасица, Менка баш ништо немаше заедничко со говедарот Колески Богдан. Тогаш беше отворен Богдановиот гроб и Менка беше погребана во гробот на Колески Богдан говедар од с. Полчиште и гробот беше за секогаш поништен.

Сепак се има некоја претпоставка да куќата во која беше сместена за становање фамилијата на говедарот Колески Богдан кај Здравески Стојан доселен од мариовското село Вепрчани во Марул, можно е да овие две мариовски фамилии да имаат некое постаро познанство од порано. Здравески Атанас беше оженет за Илинка Василева Трајкоска ќерка на Трајкоска Менка. И по тоа поради Богдан Колески и Менка Трајкоска почина во иста куќа и сакаат да стапат во задгробно родбинска врска тие си знаат.

Но еден ден на селската слава на Богородица во Марул дојдоа на посета на гробот од Богдан неговиот син Стојан со едно од неговите дец аод Добрушево кога видоја д анивниот гроб од Богдан повеќе не постои богдановиот гроб повеќе не беше забележано за да има некоја посета од богдановото потомство. Синовите остареа, изумреа, младите заборавија да му направат посета на гробот од дедото Колески Богдан полчистанецо.

Внуците на Менка од нејзината ќерка Илинка често го посетуваа гробот од баба му и вложуваа труд за одржување на нејзиниот гроб. Сигурно направените адети важат за двата покојни во истиот гроб на Колески Богдан и Трајкоска Менка. Мајка му Чона на богдановите деца е погребана во бонечките гробишта, Бог да ги прости каде почиваат.

Потомството на Колески Богдан и Чона

1.Трајче, жена Илинка, деца Ванчо, Мише, Нада, Цвета;

2.Стојан, жена Љуба, деца Трена, Гоце, Славе, Васко, Томе, Спасе;

3.Стеван, жена Бошеска, Благуна од писокалците од село Чумово. Деца Ило, Блаже, Миле, Маца.

За да не ги спомнуваме поединечно сите генерации на учениците кои оделе на училиште од с. Марул во Подмол од 1930 до 1939 година ќе ги напишеме генерациите бројчано по раѓањето на годината почнувањето на училиште и завршувањето на 4 одделение. Втората десеттолетка ќе важи од 1940 до 1950 година.

Родени 1929 година ученици

1.Атанасоски Трајанов Алексо;

2.Павлески Ванчов Аце Петрески;

3.Петрески Велјанов Алексо Бабјак;

4.Петрески Јованов Ѓорѓија Мурџески;

5.Ристески Танев Китан Танески;

Родени 1930 година ученици:

1.Анѓелески Најдов Живко Стеваноски;

2.Јованоски Јованов Душан Јоноски;

3.Новачески Јованов Живко Димитријоски;

4.Ристески Ристев Цветко (Цане) Јанкоски;

5.Тошески Божинов Веле Јолески;

Родени ученици 1931 година

1.Атанасоска Мицева Грозда Танеска;

2.Атанасоски Ристев Благоја Танески;

Родени 1932 година е празно

Родени 1933 година ученици

1.Василоски Јованов Петре Василоски;

2.Јованоски Јованов Божидар Јоноски;

3.Петрески Ванѓелов Митре Бабјак;

4.Ристеска Ристева Марија Дамјаноска

Родени 1934 година

1.Атанасоска Неданова Петра Танеска;

2.Атанасоска Неданова Петкана Танеска;

3.Павлески Ванчов Мирко Петрески;

4.Ристески Блажев Богоја Танески;

5.Ристески Крстев Тоде Танески;

Родени 1935 година ученици

1.Атанасоска Ристева Спасија Танеска

2.Мојсоски Ќирев Благоја Колески;

3.Петрески Ванѓелов Томе Бабјак;

4.Ризоски Колев Трајче Бошески;

Родени 1936 година ученици

1.Митрески Јованчев Богоја Мурџески;

2.Стојкоски Илијев Алексо Кадичето;

Прва генерација 1923 – 1930 завршила 1934 година

Втора генерација 1925 – 1932 завршила 1936 година

Трета генерација 1926 – 1933 завршила 1937 година

Четврта генерација 1927 – 1934 завршила 1938 година

Петта генерација 1928 – 1935 завршила 1939 година

Шеста генерација 1929 – 1936 завршила 1940 година

Седма генерација 1930 – 1937 завршила 1941 година

Осма генерација 1931 – 1938 завршила 1942 година

Деветта генерација 1933 – 1940 завршила 1944 година

Десетта генерација 1934 – 1941 завршила 1945 година

Единаесета генерација 1935 – 1942 завршила 1946 година

Дванаесетта генерација 1936 – 1943 завршила 1947 година

Како што се гледа во графата на родени за годините 1924 и 1932 се нема родено машки деца и затоа нема потполнато графа за родени машки деца од тие две години 1924 и 1932.

За сето време марулските деца ученици кои оделе на училиште во Подмол зборното место за тргнување за на училиште и назад за дома му било на чајрот Дамјаноски над тогашното трло на Котески Божин. Со времето тргнале и девојчиња на училиште на кои им требало помош од повозрасните деца. Не доваѓало до никаква несогласица, пречка меѓу учениците.

Продолжува

Loading