ЛЕК ЗА ТРОМБОЗА И ТАХИКАРДИЈА

tahikardija

Венската тромбоза е болест на васкуларниот систем. Предизвикана е од згрутчување на крвта што може делумно или целосно да ја затне вената и да ја намали циркулацијата. За површните вени, состојбата се нарекува површна венска тромбоза, а кога се формираат тромбови во длабоките вени, е длабока венска тромбоза.

Болеста најчесто ги погодува нозете и карлицата, а поретко и рацете. Се јавува кај постари лица, но може и кај било која возраст. Фактори на ризик се генетска предиспозиција, патеката на крвта, оштетување на ѕидот на крвните садови, долга употреба на орални контрацептиви, долго седење или стоење,  и намалена физичка активност. Ризици се и инфекции, малигни заболувања, трауми, срцев удар и хронични згрутчувања на крвта.

Симптоми на површната тромбоза се задебелување на вената,  чувствителност, болка во погодената област, чувство на топлина. Трае 1 – 2 седмици, по што процесот се смирува и симптомите се повлекуваат. Се дијагностицира со клиничка слика и физички преглед. Третманот вклучува ставање топли облоги и лекови против болки и смирување на воспалението.

Од природните лекови, најдобар е гелот од див костен кој ја подобрува циркулацијата. Се нанесува во тенок слој на погодената област двапати на ден. Потребно е да се зголеми физичката активност, да се откаже пушењето, да се зголеми внесот на омега 3 и 6 масни киселини, да се јаде свежа црвена лута пиперка (или како зачин). Чајот од рузмарин ја подобрува циркулацијата. Комбинацијата на чај од див костен и ѓумбир го намалува ризикот од згручување на крвта. Лукот го намалува притисокот и високиот холестерол.

Длабоката тромбоза се карактеризира со затворање на погодената вена и појава на воспалителна реакција на нејзиниот ѕид. Може да постои без видливи симптоми. Се манифестира во различен степен на чувствителност. Најчести симптоми се оток на погодената нога, чувство на тежина и напнатост, тешкотии при одењето, црвенило, болка во погодената област, чувство на топло, промена на бојата на кожата, истакнати површни вени. Болките се јавуваат при стоење и одење, кашлање, а симптомите се олеснуваат при одмор со подигнати нозе. Максимална болка се јавува при свиткување на глуждот со испружено колено или кога станувате со испружена нога, што се нарекува Хоманов знак. Иако Хомановиот знак е често ,,лажен аларм,, дека станува збор за длабока венска тромбоза, да не се игнорира, бидејќи може да доведе до опасни животни последици. Да се спречи, без разлика дали е длабока или површна, треба да види лекар кој ќе препише антикоагуланти. Болест може да се превенира со редовна физичка активност. Компјутерџиите треба да прават пауза на секој половина час и да направат неколку вежби кои ќе ги раздвижат.

Рецепт за лек за чистење на крвните садови и разбивање на тромбот.  Потребни се 20 чешниња лук, 2 литри вода, 4 лимони, 1 портокал. Овој лек помага и при кардиомиопатија. Лукот се чисти и се става во 2 литри вода да се вари во поклопен сад. Кога ќе почне водата да врие се намалува температурата на најмала и се остава уште 10 минути. Се трга тенџерето од шпорет и се остава да се излади 30 минути на собна температура. Се мијат лимоните и портокалите, се процедува сокот, а корите се мелат. После 30 минути, се вади лукот од водата, а во неа се додава сокот и корите и  се оставаат да стојат 2 – 3 часа на собна температура. После се цеди водата и се складира течноста во шише. Се чува во фрижидер. Се консумира трипати на ден, половина час пред појадок, ручек и вечера. Количината на консумирање треба да биде во чаша од 30 мл. Се пијат три дози, а потоа се прави пауза. Кога ќе се потроши првата количина, веднаш се подготвува втората, а потоа третата.

Loading