ЗАТВОРЕНИК ПОБЕГНАЛ КАКО ФАНТОМ

Филмско бегство се случило во прилепскиот затвор. Гостиварчанец  на возраст од 36 годишен, осуден на 20 години затвор поради тешки кражби, побегнал додека на посета му биле сопругата и мајка му. Кога завршила посетата, затворските службеници забележале дека во просторијата за средби се наоѓаат само двете жени, а го нема затвореникот. Веднаш е започната потрага, но безуспешно.

Неофицијално, засега нема индиции дека во бегството се вмешани и лица од затворот или надворешни лица, но веднаш била на направена и внатрешна истрага. Известени биле околните полициски станици, Управата за извршување на санкции и Јавното обвинителство.

Покрај високите затворски ѕидови, сомнително е тоа што бегството не е забележано на безбедносните камери ниту од затворската полиција и не е јасно како затвореникот успеал да излези надвор.

Сопругата и мајката на затвореникот се приведени во полициската станица на информативен разговор.

МВР превзеде мерки за пронаоѓање на бегалецот.

Исто така според првичните и неофицијални информации согласно законските прописи и мерки можно било превземање на соодветни активности за дисциплински мерки против  дежурните затворски полицајци кои биле задолжени за посетата на затвореникот.

Loading