ЛИЛЈАНОТ Е МЕВЛЕМ ЗА ИЗГОРЕНИЦИ

lijan

Изгорениците од сонце на плажа се неизбежен дел за оние кои не користат креми со заштитен фактор. Најчести симптоми се црвенило на кожата, пецкање и болка, оток, црвенило од сонце, а во некои случаи може да се јави главоболка, слабост, висока температура, што главно се поврзува со сончаница.

Цветот од лилјан како масло се користи за премачкување на  изгорениците од сонце. Лекот веднаш делува, а болката се намалува.

Во тегла или шише се ставаат цветовите од лилјан, а потоа се долева маслиново масло, оставајќи еден прст на врвот. Се затвора добро и се чува на сонце 40 дена со повремено протресување. Потоа маслото се процедува  и се мачка на изгореницата. Делува брзо на псоријаза, разни изгореници и други болести на кожата.

Доктор советува кожата заболена од псоријаза да се третира со мевлем од невен, восок и прополис.

Псоријазата е многу непријатно заболување поради лупењето на кожата. На заболените  делови се препорачува да се ставаат топли восочни катаплазми. Се приготвува и крем од вазелин и восок. Како подлога може да се додаде и домашна маст испрана во девет води, 40 цветови невен, топче пчелин восок колку орев и ситно изрендано исто толку големо топче прополис, претходно замрзнат.

Се растопува 300 гр. маст. Се додаваат невенот, восокот и прополисот. Маста крчка на тивко 15 минути. Се трга од огнот и се остава преку ноќ. Наутро се загрева за да се растопи восокот, па се процедува низ газа. Мевлемот е одличен за псоријаза и за други повреди, изгореници и промени на кожата.

Перењето на свинската маст низ 9 води значи процес за добивање на идеална маст.

Loading