БЛАГОДЕТТА НА ПЕТТЕ ОРЕВИ

orev

Изедете пет ореви и почекајте 4 часа. Ќе бидете воодушевени. Јаткастите плодови не само што изобилуваат со корисни материи како полинезаситени масти, феноли, витамин Е и многу антиоксиданси, имаат и изненадувачки ефект врз здравјето. Пет ореви дневно носат полно здравствени предимства. Го намалуваат обемот на половината, паѓа ризикот од болести на срцето, се подобрува здравјето на мозокот, се намалува холестеролот, расте бројот на сперматозоидите кај мажите, се намалува ризикот од дијабетес, се превенира ракот, јакне косата, кожата и ноктите…

Оревите даваат задоволувачки предности незабележани кај други намирници.

По 4 часа откако се конзумираат само 5 ореви, се чувствуваат бенефитите. Оревите ги ослободуваат хранливите материи и витамините, кои го снабдуваат телото со енергија до следниот оброк. Се стабилизира стресот. Антиоксидансите го јакнат срцето и се борат против слободните радикали. Омега-3 масните киселини ги намалуваат симптомите на депресија и анксиозност. Органите поефикасно функционираат, подобрен е протокот на крв низ артериите и се подобрува снабденоста со крв до сите делови од телото. Умерените количества не предизвикуваат дебелеење, односно ја регулираат тежината и ја подобруваат општата здравствена состојба.

Оревите може да се штетни, ако се јадат над препорачаните количества. Доволни се 50 гр, дневно заедно со други јаткасти плодови. Дневната норма е меѓу 30 и 50 гр. ореви. Повеќе од 60 гр. носат само плус калории и го иритираат стомакот. Сто грама ореви се еднакви на 600 килокалории и може да доведат до непријатни реакции во системот за варење. Се препорачува да се јадат 5-6 шест половинки од орев на ден и не повеќе од 10-12 бадеми или лешници.

Оревите се способни да го намалат нивото на лошиот” холестерол. Редовното јадење кај луѓе околу 60-70 години значително го намалува ризикот од атеросклероза и други срцеви заболувања. Оревите се предводник во содржината на омега-3 киселини, најкорисни за срцето и крвните садови.

Loading