ЧАНТУРИЈА Е ИГРАЧ, КАПИТЕН И ПОМОШНИК-ТРЕНЕР

Ракомет

Највозрасниот ракометар на РК Прилеп, Грузиецот Реваз Чантурија, во претстојнава сезона ќе има три улоги: играч, капитен и помошник-тренер. Тој и на 39 години ќе настапи на деснокрилната позиција, каде се изнадава голови во претходното првенство, голови значајни за суперлигашкиот оипстанок. Подготвен е ,,под мишка да носи две-три лубеници,,.

– Минатото првенство беше успешно, а наредново очекувам уште подобро мое издание во битката за опстанок. Додека публиката ми вика ,,браво,, ќе продолжам да играм. Како тренер мојот прв совет до соиграчите е: само работа, дисциплина, да го слушаат тренерот и резултатот ќе дојде – рече Чантурија, кој постојано патува од Битола, како битолски зет.

На првиот летен собир во салата ,,Ричко,, шефот на Стручниот штаб, Горан Кузманоски, ги имаше на располагање речиси сите првотимци. Од новите беше левиот бек Христијан Милошески (Бутел), се чека пристигнување на десниот бек, Србинот Жарко Барјактаревиќ (Јуниор КВ). Првенството почнува на 8 септември со Бутел во Скопје.

Loading