МИЈОСКИ – ИДНИОТ ПРЕМИЕР

MILE TALESKI NOVINARЛуѓе мои, во ова време не време, го пронајдов идниот премиер на мојата Македонија. Чудно, но вистинито. Во најновиот број на локалниот весник Зенит ја прочитав приказната за постдипломецот од Стразбур, роден прилепчанец и Македонец, Антониј Мијоски. Запамтете го името и презимето, Антониј Мијоски. Им препорачувам на сите прилепчани и на сите Македонци да ја прочитаат творбата на колешката Светлана Ристеска. Тоа е скица, план, слика, програма, биографија… каков треба да биде идниот премиер на заболената Македонија, на која и е неопходен препород.

Младиот Антониј Мијоски се школува во странство. Таму собира знаење. Отворено кажува дека знаењето сака да го преточи и искористи во својата татковина. Сака да се врати во Прилеп (што е малку чудно за многу млади кои го напуштија градов и земјава).

Антониј е категоричен да се почитуваат драгоцените симболи, јазикот, знамето, името, историјата, химната…

Еве можност, еве шанса за Прилеп и за Македонија! Искористете ја! Немојте да ја пропуштите!

Миле Талески, новинар во пензија

Loading