КРАТКОМЕТРАЖНИОТ ФИЛМОТ „ДЕТСТВО“ ВО САРАГОСА

Краткометражниот филм ,,Детство,, абстрактна приказна за крстопатот на минатото и иднината, метафорично изразен преку природата, на нашиот сограѓанин Мартин Пресилски е селектиран за учество на фестивал во Сарагоса, Шпанија и ќе се прикажува на 14,15 и 16 август.

Сниман е во 2019 г. Беше дел од официјална селекција на Lift Off филмскиот фестивал во Лондон каде според публиката, го освои четвртото место во категорија на краткометражни филмови. Единствен е претставник од балканските простори.

Филмот е прво авторско дело на Пресилски, кој повеќе од 10 г. е преокупиран со филмска и телевизиска монтажа. Директор на фотографиите е Бојан Трајкоски, детето во филмот го игра Филип Блажески. Авторската музика е користена и одобрена од јапонскиот композитор Ријучи Сакамото.

,,Детство,, е сниман на Прилепското езеро. Претставува седумминутна приказна за животот на едно дете во сегашноста, минатото и можеби во иднината.

-Инспирацијата е црпена од еко состојбите ширум светот, а со цел да се чува и негува природата – вели Пресилски.

Во меѓувреме тој го сними вториот краткометражен филм ,,Три,, кој е во конкуренција на повеќе европски фестивали за краткометражен филм.  Кинематограф е Петар Кироваков, музиката е на Иван Анунаки Јованоски, графички дизајн на Благоја Чаески, асистент на монтажа Бојан Трајкоски, монтажа и автор Мартин Пресилски.

Loading