ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (104) – 2 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul-1

Умрени од 1919 до 1029 година:

1.Атанасоски Ристев Атанас Танески;

2.Атанасоска Стојчејца Мара Танеска;

3.Грујоска Митрејца Мара Курелоска;

4.Грујоска Толејца Митра Курелоска;

5.Грујоски Јованов Митре Курела;

6.Грујоски Трајанов Богоја Колески;

7.Дамјаноски Ристев Дамјан Патрун;

8.Здравески Ристе Пумески;

9.Јованоска Јованова Крста Јоноска;

10.Јованоски Јованов Славко Јоноски;

11.Јованоски Ристев Ѓорче Јанкоски;

12.Ристески Богданов Ѓорѓија Јанкоски;

13.Јошески Петрев Никола Николоски;

14.Павлески Јованица Божна;

15.Петрески Цветанов Богоја Мурџески;

16.Петрески Цветанов Благоја Мурџески;

17.Ристески Крстев Ристе Танески;

18.Стеваноски Огнев Младен Гулабоски;

19.Стеваноски Огнев Новаче Гулабоски;

20.Стеваноски Најдов Трајче Гулабоски;

21.Стојаноски Илијев Стојан Котески;

Времето се одалечува од војната. Животот се постабилизира. Се позаборавија трагите од војната, но на срце никогаш не се забораваат. Се прават свадби, првичиња, крштевки и сите верски црквени адети. Повеќе домаќинства се стабилизираа со имоти, со стока и земјоделие. Во 1927 година селото направи договор со Мијакот сточарот Стаменко од Лазарополе за да го паси половината од марулскиот сињор од Митровден до Ѓурѓовден во време од девет години. Со добиените пари селото го изградило тремот на црквата во 1927 година.

Од младата марулска генерација излегуваат тројца талентирани музичари гајдаџии и тоа Петрески Велјанов Аце Бабјак, Петрески Велјанов Ванѓел Бабјак и Павлески Петрев Ванчо. На сред селото вечерта се пали оган пред Коледе и Василица. Коледарите и василичарите со музика шетаат по куќи низ селото. На сред селото за верските празници се вијат две ора машко и женско покрај сите ора не се заборави да се свири и Куцаното меѓу двата табори ораџии и ораџици.

Марул од 1929 до 1939 година

Веќе поминуваат единаесет години од завршувањето на Првата светска војна. Селото го менува својот лик. Направени се нови куќи нарастува селото со нови домаќинства. Некои побогати фамилии купиле беговски имоти, земја и за кратко време со труд и физичка земјоделска работа почнаа да никнуваат покрај моќниот Танески Стојче и други побогати домаќинства во Марул.

А такви помоќни домаќинства биле Стојановци, Таневци, Колевци Јанковци, Павлевци, Јоновци, Павлевци, Петревци кои почнале да бараат работна снага, аргати од надворешниот свет за полски работи за физички работи, орање копање, жнеење, вршидба, сено носење и други работи. Генерацијата родени за време пред Првата светска војна се порастени сега се женат и мажат, создаваат бракови за оснивање свои потомства. Во нивна чест и радост се прават свадби, првичиња и крштевки.

За големите верски празници има весели собири со музика на сред селото поделени на два табори за машко и женско оро. Коледарите и василичарите со музика шетаат по куќи и подарени од домаќините со булина за Коледе и колбавчиња за Василица. Затоа коледарите благословуваат на Коледе со викање, Коледе, Коледе, а додека за Василица се вади жар од печката и василичарите со ражените маваат на жарот, цив пиле, цив пиле, тоа е благослов и порака за рански пролетни пилиња.

Продолжува

Loading