ЗАБОРАВЕТЕ НА БЕЛИТЕ ВЛАКНА

kosaПредвременото стареење и обелувањето на косата е знак на недостиг на некои важни состојки во исхраната. Може да е индиција и за некоја идна болест. Постои начин да се забави процесот и да се врати природната боја. Акопричината е недостигот на супстанции неопходни за правилна функција на организмот, а не е генетика, тогаш процесот е реверзибилен.

Состојбата и изгледот на косата покажува дали исправно и здраво се храниме. Предвременото белеење не е толку естетски проблем колку што е здравствен. Пигментот меланин е задолжен за производство на матичните клетки во секоја фоликула. Во зависност од генетските предиспозии, овие клетки почнуваат да произведуваат помалку пигменти со стареењето, кое резултира со побелена коса. Сепак причината е многу подлабока од генетското наследство. Не се наследува белеењето на косата, туку тоа настанува поради болестите кои може да се превенираат. Квалитетот на крвта и здравјето на бубрезите се огледува во силата, бојата и состојбата на косата. Намирниците кои ја јакнат крвта и бубрезите се хлорофил, шеќерна меласа, црн сусам, хиџики алга, коприва, а најмногу – пченичната трева. Се препорачува одбегнување на прекумерно користење на млечни производи, месо и сол. Прераното побелување укажува на нарушување на штитната жлезда, недостиг на витаминот Б5, Б6 и Б12, како и анемијата. Недостигот на овие витамини и минерали честопати се поврзува со лошата апсорпција поради проблемите кои произлегуваат од кронова болест, бактериски раст во цревата. Недостиг на адекватниот витамин А, цинк и бакар, може да доведе до слаб имунитет, ослабување на крвните садови, а во некои случаи и мозочен удар и болести на кардиоваскуларниот систем.

Со редовно консумирање на свеж сок од млада пченична трева, се стекнуваат многу здравствени поволности, меѓу кои и забавување на растот на белите влакна и враќање на природната боја. Сокот е одличен чистач на крвта. Помага во подмладување и регенерација на кожата. Пченичната трева се прави или се купува во аптеките во вид на прашина. Потребни се 30 мл. сок од пченична трева, 1 плод од сечкано овошје по избор, 1 лимон – сок, 1 лажица мед, малку вода по потреба. Младата пченична трева се цеди во соковник. После и овошјето и лимонот. Се мешаат сите состојки, па се засладува со мед и се додава уште малку вода по вкус. Се пие секој ден еднаш до двапати, секогаш на гладно.

Loading