СМОКВИ ЗА БЕЛИ ДРОБОВИ, ГРЛО, БРАДАВИЦИ…

smokvi

Смоквата се користи против опстипација и регулирање на работата на цревата, забоболка, отоци, кашлица, брадавици, воспалено грло, чирови и гнојни апцеси. Некаде од млечниот сок се прави сирење за доилки.

ЈАКНЕЊЕ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ. Потребни се, литар црно вино, 1 рака суви сомелени смокви (или ситно исечкани), 1 рака мелен рогач, 2-3 каранфилчиња и малку мед или шеќер по вкус. Се ставаат сите состојки на оган да провријат 10 минути. Се остава да се излади и се складира во стаклено шише во фрижидер. Се пие по 80 мл. трипати дневно.

НЕГА НА КОСА. Смоквите поттикнуваат раст на косата и ја негуваат. Во шампонот или регенераторот се ставаат неколку капки масло од смокви,  и се остава да делува 5 минути па се плакне.

ЛИКЕР ОД СМОКВИ. Потребни се 1 кг. свежи смокви, литар лозова ракија и 500 гр шеќер или мед. Смоквите се редат во стаклена тегла и се преливаат со ракија. Се затвораат со ленена крпа и се остават две седмици на топло, па се процедува. Се растопува шеќерот на оган со малку вода да се добие густ сируп. Се додаваат во процедената ракија. Добро се меша и повторно се прелива преку смоквите и се затвора. По една седмица ликерот ќе биде готов.

ПРОТИВ ЖУЉОВИ. Неколку пати дневно се трие местото со свежи листови од смоква на проблематичното место. Потребно е да се намачка и со млекото што го испуштаат листовите или плодот. Ова се прави во доцна пролет, лето или рана есен.

ПРОТИВ ЗАПЕК. Потребни се 3-4 суви смокви, 3-4 суви сливи и 200 мл вода. Се сечат сувите смокви и сливи и се преливаат со водата. Се оставаат преку ноќ. Наутро се цедат и се пие водата, а плодовите се цедат.

ПРОТИВ АФТИ. Се џвакаа 2-3 млади и понежни листови од смоква. Потоа се плакне устата со вода. Се елиминираат инфекциите во устата, се добива и многу пријатен и свеж здив.

ПРОТИВ ГРЕБЕЊЕ НА ГРЛОТО. За ослободување од непријатното гребење во грлото, се мешаат три суви смокви, мед и топла вода. Со врела вода преливаат ситно сечканите суви смокви, па се варат уште 5 минути. Напиток се пие  во текот на денот.

Loading