КОНГРЕСНА НАГРАДА НА СПЕЦИЈАЛИЗАНТОТ КОНЕСКИ

filip konoeski

Специјализантот на максилофацијална хирургија во Скопје, прилепчанецот Д-р Филип Конески, е добитник на престижната конгресна награда Проф. Хелене Матрас, на јубилејниот 25 Конгрес на европската асоцијација за краниомаксилофацијална хирургија што се одржува во виртуелен формат.

Конески објаснува дека со истражувањето со соработниците, првпат во светот се тестираат препарат за третман и спречување на остеонекроза на вилиците кај пациенти кои примаат терапија за остеопороза и метастази во коските кај малигни заболувања.

-Истражувањата докажаа дека експерименталниот препарат геранилгераниол има позитивен ефект на заздравувањето на раните по вадење заб кај овие пациенти и е можен лек за ова сериозно заболување – вели Конески

Тоа е потврда дека Стоматолошкиот факултет создава услови и се посветува на градење кадри чии научни истражувања и достигнувања се препознаени од најголемите европски и светски организации, на најелитните настани, каде учествуваат голем број авторитети и експерти во различни области.

Loading