Машинист од Приле загина во Суводол
Машинистот на градежна машина, К.Т.(38) од Прилеп, бил пронајден затрупан во одрон од земја вчера во рудникот Суводол кај Битола. Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош од Битола.
Телото на починатиот било предадено на обдукција.
Увид извршила екипа од СВР Битола. Дошле и трудов инспектор и јавен обвинител.